ИНТЕРВЈУ НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЗА ТЕЛЕВИЗИЈА 24ВЕСТИ (24.07.2017)

Untitled„Некои работи во буџетот на МО се зголемени, некои се намалени и има многу јасни причини зошто е тоа така. Сакам да почнам од покачувањата. Ребалансот на буџетот беше неопходен и во МО за да обезбедиме плати и надоместоци за припадниците на Министерството и на Армијата. На пример, во буџетот, ребалансираниот, се предлага 100 милиони денари повеќе, за да може до крајот на годината да се исплатат плати на редовно, сега, во моментот вработените. 100 милиони денари недостасуваа во буџетот усвоен за 2017. 55 милиони денари недостасуваа за да се исплати обврската кон припадниците на АРМ во поглед на стража, во поглед на чување на јужната граница, поради специјалните околности во кои што и припадници на АРМ се испраќаат на јужната граница. Дополнителни, 10 милиони денари се обезбедени за да се исплатат нашите војници кои што се во мисии во странство. 25 милиони денари дополнително за нивните животни осигурувања, за исплаќање на нивното пензиско и здравствено осигурување…“

Слушнете повеќе во интервјуто на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за Телевизија 24Вести, на следниот линк:
https://youtu.be/887PFsjfFkM

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail