Интервју со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во Топ Тема на ТВ Телма 03.11.2017 г. Кои се опциите за влез на Македонија во НАТО во 2018? Дали изборните коалиции ќе ја реконструираат владата? Како ќе се обезбеди буџет и за модернизација на армијата и за плати на војниците?

„Нам следната година ни треба покачување на буџетот, но и покачување на платите. Она што сите вработени во Армијата ќе можат да видат од моментот кога ќе биде даден предлогот од Влада во Собрание е дека во калкулацијата за Буџетот од 2018 стои обврската за 10% покачување на сите плати на оние кои што работат во Армијата“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Топ тема – На ваша страна, на телевизија Телма. Министерката додаде дека само во текот на летните месеци, може да се види колку е огромен дисбалансот, нерамнотежата помеѓу грижата кон Армијата, и од друга страна очекувањата од неа, особено во време на пожари, поплави, мигрантски бран.

Министерката Шекеринска зборуваше и за веќе започнатите реформи во одбраната, изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како документ од кој ќе произлезе планот за модернизација, и утврдувањето на приоритетните набавки на опрема во одбраната. „Не може да се модернизира Армијата, без за тоа да има консензус и консултација околу тоа што е приоритет за Армијата“, рече Шекеринска.

За состојбите во АРМ, интеграцијата во НАТО, политичката ситуација по изборите, како и демократските реформи погледнете во интервјуто, на следниот линк:

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail