Шекеринска за Bloomberg

Република Македонија со очи вперена кон НАТО за да се одбрани од мешањето на Русија

Од Слав Оков
Август 8, 2017, 1:00 AM GMT+2 August 8, 2017, 2:41 PM GMT+2

https://www.bloomberg.com/news/articles/2017-08-07/rep-of-macedonia-eyes-nato-to-stave-off-russian-interference

Новата влада на Република Македонија ги засилува своите напори за влез во НАТО, тврдејќи дека членството во воениот сојуз ќе ја заштити оваа балканска земја од „мешањето“ на Русија во нејзините внатрешни работи, рече министерот за одбрана на земјата.

„Влијанијата кои се плеткаат во оваа стратешка цел не се корисни и не се пријателски“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во минатонеделното интервјуто во Скопје. „Протекоа определени информации, дури и пред изборот на владата, за руските обиди за влијание во клучните политички и безбедносни области. И загрижени сме за нив. Ние веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да стави крај на овие обиди“.

По првите промени на раководството по повеќе од една деценија во јуни, земјата од 2 милиони луѓе се обидува да ги ревитализира своите напори за приклучување кон Европската унија и НАТО.

Како дел од таа амбиција, владата на премиерот Зоран Заев се обидува да ги обнови регионалните врски откако ја обвини претходната администрација за намерно подгревање на страстите во спорот за името со Грција од 1991 година, кога земјата се отцепи од Југославија и се нарече Република Македонија. Грција, која ги блокираше обидите на својот сосед за приклучување кон НАТО поради спорот, смета дека тоа е територијална претензија кон соседната северна провинција со исто име.

Борба за превласт

Додека некои земји кои се стекнаа со независност по крвавиот распад на Југославија во деведесеттите години на минатиот век се приклучија кон ЕУ и НАТО, земјите кои заостануваат, како Република Македонија, сега се фатени во борбата за превласт меѓу Русија од една страна и Европа и САД од друга страна. Тензиите ескалираа откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, што го создаде најголемиот дипломатски застој со САД по Студената војна. Тензиите дополнително се продлабочија откако американскиот претседател Доналд Трамп покрена прашања за иднината на НАТО и односите со Москва.

Русија и понатаму се противи на проширувањето на НАТО во Европа и е посочена како виновникот кој се обидува да ги попречи напорите на западниот регион за пристапување. Минатата година, црногорската влада соопшти дека Кремљ предводел неуспешен државен удар за време на парламентарните избори, тврдења кои Русија ги негира.

Шекеринска, 45-годишната жена заменик-претседател на владејачкиот Социјалдемократски сојуз, рече дека владата сака да ги подобри врските со Грција и да се посвети на домашните реформи во следните девет месеци (3-6-9), за да може Македонија да влезе во НАТО „што е можно поскоро“.

Приносот од обврзниците на Република Македонија деноминирани во евра, кои доспеваат во јули 2023 година, паднаа за два базни поени на досега најниското ниво од 3,87 проценти во 14:03 часот, во Скопје.

Реформи, буџет

Земјата треба да ги реши проблемите во врска со владеењето на правото и судската независност, на кои сега се „гледа како на проблем за влез на Македонија во НАТО“, рече Шекеринска.

„Ќе останеме посветени со цел овие реформи да ги направиме реалност, но ќе продолжиме да бараме од земјите-членки на НАТО да ги ценат овие напори, да ги земат предвид резултатите и да донесат одлуки што е можно поскоро“, рече таа.

Стремејќи се да го следи примерот на Црна Гора, која се приклучи кон алијансата во јуни, земјата ќе започне со зголемување на расходите за одбраната во 2018 година, од помалку од 1 процент од бруто домашниот производ, рече таа.

Напорите на владата може да не бидат наградени наскоро, рече Димитар Бечев, висок нерезидентен стипендист на Евро-азискиот центар на Атлантскиот совет.

„Грција не покажува никакви индиции дека ќе се повлече од спорот со името во скоро време“, рече тој по телефон.

Шекеринска, која исто така е и заменик-премиер, ја поздрави минатонеделната посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс на Црна Гора, за која рече дека пренесе „клучна порака“ која ги отстрани сите сомнежи од почетокот на оваа година за тоа дали САД остануваат посветени на НАТО и Регион.

„Овие сомнежи исчезнаа“, рече таа.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail