Оддадена почит за загинатите бранители кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска оддаде почит со положување венец со свежо цвеќе пред спомен – плочата кај месноста Карпалак, во спомен на загинатите бранители Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во рамки на одбележувањето на споменот на бранителите денес во родниот град на македонските херои, Прилеп, пред комплексот Карпалак ќе бидат положени венци со свежо цвеќе.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail