Професорите од Воената академија предавачи и учесници на НАТО Курс посветен на користењето на сајбер просторот од страна на терористите

Во организација на НАТО центарот за извонредност – „NATO Centre of Excellence-Defense Against Terrorism (COE-DAT)“ од Анкара, Република Турција, во период од 05-09 Мај оваа година, беше одржан курсот „Користењето на сајберпосторот од страна на терористите“. Врз основа на претходна покана од страна на раководството на НАТО центарот, во улога на поканети пленарни предавачи учество на овој курс земаа продеканот за настава и НИР на Воената академија, вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник, како и капетан м-р Димитар Богатинов, соработник раководителот на Одделението за напредни образовни технологии и сумулациска поддршка на настава во Воената академија. Во улога на учесник на овој настан се појави доцент д-р Југослав Ачковски, потполковник. На активноста на која учество во улога на слушатели земаа преку 70 претставници од повеќе ПзМ и НАТО земји членки, вонреден професор д-р Хаџи-Јанев одржа пленарно предавање на тема „Примената на Меѓународното право за вооружен конфликт во сајбер пторив-терористичките операции“, а потоа заедно со професори од САД, Велика Британија беше еден од модераторите на панел дискусиите. Соработник м-р Богатинов, капетан одржа предавање на тема „Улогата на сајбер разузнавањето во борба против терористичката употреба на сајбер просторот“, што предизвика голем интерес кај слушателите, особено во делот на употреба на вештачка интелигенција за сајбер одбрана.

Овој голем настан е уште еден од низата чекори кои Воената академија ги презема за градење на сопствени капацитетите од доменот на едукацијата во сајбер безбедноста и дигиталната форензика. Со овој настан, планираните настани во кои учество ќе земат претставници на Воената академија, како и учеството во регионалната конференција на националните тимови за одговор во случај на компјутерски инциденти Computer Emergency Response Team (CERT – CIRT – CSIRT) минатата седмица во Загреб, Воената академија дефинитивно се зацврстува како предводник во регионот во доменот на образованието и научно-истражувачката дејност посветена на сајбер безбедноста, сајбер одбраната и дигиталната форензика.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail