Честитка од министерката Шекеринска по повод Божиќните празници

mo2-Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод Божиќните празници, упатува честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата и сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповед.
Божиќните празници се празници на сплотување, надеж, радост и благодарност. Како што овој празник го собира семејството, нека биде поттик за обединување на сите граѓани за решавање на идните предизвици и остварување на зацртаните стратешки цели за нашата земја.
„Ви посакувам радост и љубов  и да имате мир и благосостојба во вашите домови“.
Среќен Божиќ!
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail