Шекеринска: Членството во НАТО први позитивно ќе го почуствуваат припадниците на Армијата

Членството во НАТО први позитивно ќе го почуствуваат припадниците на Армијата, рече министерката Шекеринска во изјавата која ја даде во Прилеп.
„Оваа година со покачувањето на буџетот за 15% успеавме да решиме 2 многу долгорочни проблеми – за прв пат по долги години се зголеми платата на сите придници на АРМ за 10 % и за прв пред два месеци започна исплатата на дневниците за дежурства.
Членството во НАТО, ќе значи подобра, помодерна, подобро платена Армија. Затоа сум убедена дека и во Општината Прилеп и во другите општини, граѓаните на 30ти септември ќе го направат изборот со кој Македонија ќе ја потврдиме како земја со НАТО и Европска перспектива, зголемена безбедност, повисоки инвестиции, подобри плати, повеќе работни места“ – рече министерката.

Оваа изјава министерката ја даде по средбата со градоначалникот на Прилеп, а претходно беше во посета на касарните во Велес и Прилеп.
Во касарната во Велес, заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, министерката ја поседи Командата за обука и доктрини, разговараше со војниците кои се на доброволно служење на воениот рок, и  се запозна со основната обука на новопримените 125 професионални војници која во моментов се изведува во оваа касарна. Во касарната  „ Мирче Ацев“  во Прилеп министерката ги посети припадниците на Артилерискиот баталјон.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail