Одбележана 16 годишнината од трагедијата кај Карпалак

Денеска пред спомен – плочата кај месноста Карпалак, во спомен на загинатите бранители кои застанаа на браникот на татковината во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија оддаде почит и положи венец со свежо цвеќе.

На спомен – плочата на бранителите: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, венци со свежо цвеќе положија и Делегација од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,  членови на семејствата на загинатите бранители, претставници на одборот на бранители на Република Македонија, граѓански здруженија и организации, претставници на политички партии и од локална самоуправа од Прилеп.

Денешниот спомен на бранителите ќе биде одбележан и во родниот град на македонските херои, Прилеп, пред комплексот Карпалак каде ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail