ОТВАРАЊЕ НА ВЕЖБАТА „БЕЗБЕДНА ПАТЕКА- 2012“

  Денес, 22-ри октомври, во Центарот за обука Пепелиште се одржа свечено отварање на Военo медицинската вежба ,,Безбедна патека –2012,“ која ќе се реализира во период од 22 до 25 октомври 2012 година. На вежбата покрај припадниците од Армијата на Република Македонија ќе учествуваат и претставници од Кралството Норвешка и Република Србија. Со вежбата ќе раководат двајца кодиректори: полковник Андреја Наумовски ,командант на Воено медицинскиот центар на АРМ и генерал мајор Џон Стеинегер началник на санитетската служба на Кралството Норвешка. Вежбата е базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОН со која треба да се демонстрира оперативната подготвеност за извршување на основната мисија од областа на медицината-спасување на човечки животи како најзначен сегмент на човештвото. Вежбата ја отвори полковник Владимир Стојановски, командант на Бригадата за логистичка поддршка кој во своето обраќање им посака добредојде и успешно релизирање на вежбата при што нагласи, “Да се биде земја домаќин на вежба од ваков вид е тест на зрелост но и јасен сигнал за посветеност кон зедничките цели, силен доказ за нашиот стремеж кон регионалната и глобална безбедност и потврда на напорите за што поскоро приклучување на Република Македонија во Евроатлантското семејство”. Полската болница е комплексен систем кој преку извежбување и тренинг ке ни овозможи да се оспособиме и справуваме со истиот, нагласи во име на кодиректорот на Кралството Норвешка, потполковник Фроде Остренг. Тој воедно им се заблагодари на советодавниот тим од Република Србија, кој со свето искуство несебично ни помогна за време на целиот планирачки процес и ни посака среќа во нашето понатамошно развивање.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail