Свечено отворена меѓународната вежба ,,Здружен отпор 13”

Денес, 28-ми јуни, во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ се одржа церемонија по повод свеченото отварање на меѓународната теренска вежба ,,Здружен отпор 13”, која ќе се реализира на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ и ЦО ,,Пепелиште“ од 28-ми мај до 7-ми јуни .Покрај Армијата на Република Македонија како домаќин, учество на вежбата ќе земат и армиите на:САД ,Република Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора ,Словенија и безбедносните сили на Косово. Со свои претставници учествуваат и Центар за управување со кризи, Министерство за здравство, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Со вежбата ќе раководат двајца кодиректори: полковник д-р Душан Стојановиќ од АРМ и потполковник Jeffrey A.Cantor од Командата на силите на САД во Европа. Вежбата ја отвори бригадниот генерал Мухамед Рацај, началник на штаб на Здружената оперативна команда кој во своето обраќање на учесниците им посака успешна реализација на вежбата, која е резултат на исклучително плодната сотработка помеѓу АРМ и армиите на земјите учеснички на вежбата, но пред се на соработката со Командата на силите на САД во Европа. Кодиректорот на вежбaта, потполковникот Jeffrey A.Cantor нагласи дека, сите ние сме професионалци од различни земји и различни култури кои се сплотуваат во една заедничка акција, што е осмислена да даде одговор на големите катастрофи и да стави крај на човековите страдања кои би произлегле од истите.Во своето обраќање официјално и се заблагодари на Владата на Р.Македонија за поканата за реализација на вежбата во нашата земја. Максимална посветеност од учесниците на вежбата, побара и кодиректорот полковник.д-р Душан Стојановиќ што е значаен предуслов за достигнување на поставените цели на вежбата.Тој нагласи дека, вежбата ќе биде прилика Република Македонија да демонстрира подготвеност за решавање предизвици предизвикани од природни катастрофи заедно си земјите од регионот. Вежбата „ЗДРУЖЕН ОТПОР 13“ е теренска вежба со единици на терен, базирана на сценарио за операции за справување со природни катастрофи и пружање на хуманитарна помош предводени од НАТО/ЕУ или ОН со која трeба да се демонстрира интероперабилност помеѓу армијата, цивилните агенции и земјите од регионот. За време на вежбта ќе се одвива Самооценување ниво 1 на Леснaта маневарска болница од ниво 2, која е во состав на Воено-медицинскиот центар на АРМ.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail