СООПШТЕНИE

Во рамките на меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13“ започна теоретскиот дел од обуката која ќе трае до 1 јуни и се состои од два одделни курса, Медицинска помош за хуманитарни цели и одговор на катастрофи и Систем за управување со катастрофи. Првиот курс опфаќа широк спектар на медицински кадар: лекари, медицински сестри и вработени во логистичките служби на здравствените установи, а обучувач е потполковникот Марк Дафи од Одбранбениот институт за медицински операции, САД. Учесници на вториот курс, се претставници од воените и цивилните институции – учесници на вежбата, а истиот се фокусира на системите за управување со катастрофи, Предавач е капетанот Карлстин Лачмедиал, според кого оваа обука претставува синергична размена на искуства и знаења помеѓу земјите учеснички. Крајната цел на обуката, како и на вежбата „Здружен отпор 13“, е целосна интеграција на локалните и регионалните можности за одговор при природни катастрофи и зајакнување на интероперабилноста помеѓу воените и цивилните институции.  

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail