Заврши теоретскиот дел од меѓународната вежба „Здружен отпор 13“

Денес, 1 јуни во ЦО „ Пепелиште “ на слушателите на курсевите им беа врачени сертификати со што се заокружува теоретскиот дел од обуката на меѓународната теренска вежба „Здружен отпор 13“ . Во текот на изминатите пет дена Одбранбениот институт за медицински операции од САД изведуваше настава на тема Медицинска помош за хуманитарни цели и одговор на катастрофи, што се фокусираше на управување со медицински последици и итни медицински интервенции при природни катастрофи.Целта на овој курс е да се обезбеди интеграција меѓу стратегијата, доктрините , градење на коалиции и управување со ресурси за заштита на ранливите категории погодени од катастрофата. Главен осврт на курсот Систем за управување со катастрофи беше начинот на негово креирање на национално ниво, соработката меѓу институциите на различни нивоа, невладините организации и приватниот сектор. Курсот го опфати и системот за команда при инциденти со цел да се обезбеди унифициран одговор на сите инволвирани институции, имајќи ги во предвид нивните надлежности. Научените лекции од курсевите ќе дадат значаен придонес во практичниот дел од вежбата кој започнува со реализација на 3 јуни.  

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail