Лесната маневарска болница ќе започне со процесот на самооценување НИВО 1

Денес, 3 јуни, во Центарот за обука „Пепелиште“, во рамките на меѓународната вежба „Здружен отпор 13“ ќе започне процесот на самооценување ниво 1 на Леснaта маневарска болница. Според Концептот за оперативна способност ќе се оценува интероперативноста на болницата што е главен предуслов за спроведување на следните нивоа на оценувања, согласно овој концепт. Самооценувањето – ниво 1 ќе го реализира тим на оценувачи, припадници на АРМ, под мониторинг на НАТО набљувачи и експерти по области од медицината од Бугарија и Норвешка. Тимот од АРМ ќе го предводи мајор Билјана Блажевска, директор на оценувањето. Со цел успешна реализација на активноста тимот за оценување учествуваше во планирачкиот процес на вежбата, изработката на сценариото на вежбата и листата на настани и инциденти. Во подготвителниот период беше реализирана и советодавна посета од Командата на сојузничките сили на НАТО,SHAPE на која се селектирани листите за оценување според кои ќе се реализира оценувањето. Самоценувањето ниво 1 е од големо значење за Лесната маневарска болница и АРМ, од причина што првпат се оценува единица од овој тип, која е декларирана за упатување во мисиите предводени од НАТО,ЕУ или ОН.  

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail