Четата на Воена Полиција успешно ги изврши првите задачи на ,,Балкански Блесок 2010“

Синоќа, во рамките на вежбата ,,Балкански Блесок 2010“ четата на Воена Полиција (чВП) успешно изврши марш од касарната ,,Илинден“ во Скопје кон логорската просторија на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“. Во текот на маршот во раните утрински часови четата се соочи со првиот инцидент – блокада на патот, кој беше успешно решен со употреба на стандардни оперативни процедури, кои вклучуваат преговори без употреба на сила. Денеска во претпладневните часови чВП беше оценувана низ извршување на различни задачи како што се: обезбедување на база и реакција на толпа, постапки при откривање на шверц со оружје во зоната на одговорност, наидување на импровизирана експлозивна направа, извлекување и евакуација на повредени по воздушен пат (CASEVAC), дејство во контаминирана зона и постапка при експлозија на моторно возило и контакт и прифаќање борба со непријателски сили. Сите задачи четата ги изврши беспрекорно и на време, при што демонстрираше висок степен на борбена подготвеност и умешност со примена на процедури, тактики и техники кои се пропишани за изведување на операции предводени од НАТО. При извршувањето на дел од задачите кои се однесуваат на евакуација на повредени по воздушен пат (CASEVAC), како и транспорт на VIP личности, четата беше поддржана од воздухопловниот детачмент. До крајот на денот, согласно сценариото и листата на инциденти за вежбата, чВП ќе изврши повеќе задачи, од кои се издвојуваат: справување со демонстранти и сомнителни лица при обезбедување на постојана контролна точка, ескортирање на VIP личности, како и организирање на патрола и кордон со пребарување на теренот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail