Соопштение – Ден за високи гости, во рамките на вежбата „MEDCEUR 11“

Во понеделник, 13-ти јуни, со почеток во 10,00 часот, во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, на Денот за високи гости, во рамките на вежбата „MEDCEUR 11“ ќе се изведе финалниот дел во кој ќе се прикаже реакција на цивилните и воените структури на Република Македонија и пријателските земји при земјотрес во околината на Неготино и неговите пропратни ефекти, како што се пожари, поплави, лизгање на земјиште, оштетување на инфраструктура, појава на заразни болести и евакуација и згрижување на повредените и заболените во соодветно ниво на медицинска заштита. На денот на високи гости се очекува да присуствуваат: Заменикот министер за одбрана г-дин Емил Димитриев, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, висок воен претставник од Командата на силите на САД во Европа (USEUCOM) генерал-мајор Марк Замзов, високи воени претставници од Република Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Норвешка, претставник од Врховната команда на здружените сили на Европа (SHAPE), високи гости од МО и ГШ на АРМ, претставници од НАТО советодавниот тим и Буз-Ален-Хамилтон, претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Црвен крст, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Локалната самоуправа од Неготино и други. За оваа прилика исто така поканети се амбасадорите и воените аташеа, од земјите учеснички на вежбата, акредитирани во Република Македонија. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот. За таа прилика ГШ на АРМ на 13-ти јуни обезбеди организиран превоз до ЦО ,,Пепелиште“ со поаѓање во 08.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Претставниците на медиумите кои имаат намера да се превезуваат со сопствени моторни возила, потребно е да бидат на влезот во ЦО ,,Пепелиште“ најдоцна до 10.00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail