Фотогалерија – Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на АРМ, Воен стадион

Обраќање на министерката Шекеринска по повод Ден на АРМ – видео

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г-ЃА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА – ЈАНКОВСКА ПО ПОВОД „18ти АВГУСТ – ДЕН НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ, 18ти АВГУСТ 2017 г., ВОЕН СТАДИОН

Почитуван Претседател,
Почитувани Министри,
Почитуван Началник на Генералштабот, Генерали на АРМ,
Почитувани Пратеници во Собранието на РМ,
Ваши Екселенции, претставници на Дипломатскиот кор,
Почитувани припадници на Армијата и Министерството за одбрана,
Претставници на медиумите, почитувани гости

Ми претставува посебна чест, како Министер за одбрана во Владата на Република Македонија, да го честитам 18ти Август – Денот на Армијата,на сите припадници на АРМ и Министерството за одбрана за нивната континуирана посветеност и несебичен ангажман во остварувањето на должностите и обврските.

18 август е еден од симболите на државноста на нашата земја. На дененешен ден пред 74 години на Славеј планина беше формиран баталјонот „Мирче Ацев“ кој во текот на Народно ослободителната борба прерасна во војска која ја ослободи територијата на нашата држава. Во таа борба, голем број на борци ги положија своите животи за слободата на нашата земја, а нивното дело го вградија во темелите и на независна Република Македонија. Нека им е вечна слава.

Четириесет и девет години подоцна врз темелите, традицијата и делото на овие храбри борци беше формирана Армијата на Република Македонија во којае пресликан мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на нашата држава.АРМ 25 годинибудно го штити територијалниот интегритет и независност на нашата држава идостоинствено ја претставува Република Македонија секаде каде што има потреба како наш најдобар „Амбасадор на мирот“.

Почитувани дами и господа,

Патот кон формирањетона Армијата во последните25 години беше исполнет со бројни предизвици. На тој пат учевме од нашето искуство, традиција, учевме од нашитепријатели и сојузници и партнерски настапувавме во справување со регионалните и глобалните безбедносни предизвици. Денеска Армијата рамноправно учествува во меѓународните мировни мисии и добива највисоки оценки за својата способност и подготвеност. Храброста и пожртвуваноста на припадниците на Армијата кои ја заслужија највисоката доверба од граѓаните, ќе биде вреднувана.

Армијата на своите плеќи ја носи одговорноста за нашата безбедност, а ризиците по безбедноста, на светската и на домашна сцена, драматично се менуваат. Опасностите од тероризам, насилен екстремизам не познаваат граници ниту држави. Грозоморниот терористички напад во Барселона којшто се случи вчера, и кој имаше трагични последици со загуба на човечки животи, не потсетува дека никој никаде не е сигурен. Нестабилност на илјадници километри од нас има влијание и на нашата безбедност и економија. Никој не може да се изолира од тие опасности, но може да ја зголеми својата отпорност. Во тоа во голема мерка ќе помогне исполнувањето на нашата стратешка определба – полноправното членство во НАТО.

Широкиот консензус околу НАТО не е флоскула, не е мит за вечна и апсолутна сигурност. Граѓаните на Македонија гледаат на светот околу себе. Гледаат и заклучуваат со свои очи, низ свои примери, од свои искуства дека државите кои се зачленија во НАТО станаа побезбедни. Истовремено, политичките околности станаа попредвидливи, стабилноста донесе повеќе инвеститори, функционална правна држава и посилен економски раст. Тоа го видовме и во нашето соседство кога одредени држави не претекнаа. Тоа го гледаме и со последното проширување и искуството на Црна гора. „Тешко, но неверојатно корисно“ – беше најјасниот коментар на нашите црногорските колеги.

Во име на тој широк консензус на граѓаните на Република Македонија, ги повикувам сите припадници на АРМ и МО да ја сработиме оваа наша заедничка визија: Македонија членка на НАТО, сигурна и просперитетна, со Армија со која се гордее, но и на која и возвраќа.

Немам дилеми дека оваа визија не држи обединети. Но, визијата без конкретни планови, јасни чекори е само сон и создава разочарувања.

Македонија неколку години доцни со стратешките одбранбени документи чија задача е токму тоа: да дефинираат конкретни чекори, со конкретни датуми и обврски. За да ги постигнеме овие цели и реформи, ни треба дисциплина и конзистентност.

Процесот на реформитево одбраната ќе се потпре токму на тие нови стратегиски документи кои ќе се темелат на реалните потреби и национални можности, а не на желбите на поединци. Тоа ќе овозможи да се забрза и процесот за опремување и модернизација со нова и модернаборбена опрема согласно потребите и стабилно финансирање и инвестиции во одбраната на државата, онака како што доликува на една современа Армија.

Процесот на реформи мора да значи и подобро функционирање на АРМ и МО, вклучувајќи гии елементарните услови за работа и обука на припадниците на АРМ.

Бидејќи Армијата е тука кога ни е најтешко, во првите редови во заштита на граѓаните и одржувањето на безбедноста и мирот. Во екот на мигранскиот бран Армијата на Република Македонија се вклучи во обезбедувањето на нашата јужна граница, во најтешките денови по ланските поплави војниците одговорија на крикот за помош, кога пожарите летово се проширија низ државата, припадниците на АРМ и нашите хелихоптери значеа спас за повеќе села и бројни семејства.

Оваа непоколеблива посветеност и жртва заслужува да се вреднува. Превземам обврска – сите војници и старешни кои учествуваа во гаснењето на пожарите ќе бидат и парично наградени. Храброста не се плаќа со пари, но и грижата не смее да останува само на зборови. Храброста и херојскиот напор на нашите војници не смеат да поминат без признание.

Почитувани припадници на Армијата,

Иднината на Република Македонија е во полноправната интеграција во НАТО и во ЕУ, цели кои имаат силна јавна поддршка и целосен политички консензус. Владата и сите државни институции интензивно работат и се целосно посветени на реализацијата на оваа стратегиска цел. Ние остануваме целосно подготвени за преземање на одговорностите и обврските кои произлегуваат од идното членство во Алијансата, вклучително и долгорочниот придонес во регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност.

Вие ја имате целосната поддршка на Владата и на граѓаните на Република Македонија за успешно извршување на Вашите мисии и убедена сум дека вербата во Вас ќе бидат мотив повеќе да продолжите да ги извршувате поставените задачи доследно и професионално како што доликува на припадници на Армијата на Република Македонија.

Најпознатата руска кралица рекла: „Силен ветер започнува. Може да ни даде идеја или главоболка“. Мислела на ветерот на промени кој може да биде проблем или шанса. Не сме најголеми. Не сме најсилни. Не треба да бидеме. Но, можеме и мораме да бидеме мудри и брзи. Да ги носиме вистинските одлуки. Да создаваме вистински партнерства. Да гледаме подалеку и дејствуваме побрзо.

Изгубивме многу време и неколку шанси. Но, вистинското прашање не е што е зад нас, туку што е пред нас.

Ве повикувам да го искористиме ветерот на промени. Да станеме подобри. Да функционираме поефикасно. Да инвестираме помудро. Да инвестираме пред се во нашите луѓе. Да им дадеме шанса да покажат што и колку можат.Тие тоа го заслужуваат.

На крајот, им благодарам на нашите меѓународни партнери за сета поддршка,ана припадниците на Армијата на Република Македонија за службата.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 18 ти АВГУСТ – ДЕНОТ НА АРМ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДА ЖИВЕЕ АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail