Честитка од министерката за одбрана по повод Денот на Републиката

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатува честитки до сите граѓани на Република Македонија по повод големиот празник Илинден.
- „Денеска прославуваме 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ. Заедно, со вас, граѓаните, без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања, создаваме подобра иднина за нашата земја! Нека ни е честит Денот на Републиката -2 Август, Илинден!“
По повод денешниот празник „Илинден“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, положија венци со свежо свеќе и се поклонија на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија венци со свежо цвеќе и пред споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев и споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје и на спомен обележјето, Мечкин Камен во Крушево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail