COOPERATIVE LONGBOW / LANCER

Затварање на “КООПЕРАТИВНА ДОЛГА СТРЕЛА ЛАНСЕР 2012”

Денес 29-ти мај (вторник) во 12.00 во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се одржа церемонија по повод затварање на вежбата “КООПЕРАТИВНА ДОЛГА СТРЕЛА / ЛАНСЕР 2012”. На вежбата, покрај припадниците на АРМ учествуваа и претставници од 15 армии од НАТО и Партнерството за мир (ПзМ).

На затворањето на вежбата присуствуваше Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Насер Сејдини, Началникот на штабот во Командата на силите на НАТО во Мадрид генерал мајор Жоел Риво, командантите на потчинетите единици и други  гости.

Вежбата беше планирана од Командата на силите на НАТО – Мадрид, Шпанија и Здружената Оперативна Команда на АРМ. Земји учеснички од ПзМ беа: Македонија, Азербејџан, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Швајцарија, додека земји учеснички од НАТО беа САД Шпанија, додека пак НАТО членки во составот на командата од Мадрид беа Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД.

Во текот на изведувањето на вежбата од страна на припадниците од  Командата на силите на НАТО-Мадрид беше изразено големо задоволство за залагањето на припадниците на АРМ за време на вежбата.

Генерал мајор Насер Сејдини во оваа прилика истакна: Уверен сум дека сите припадници ќе заминат со едно големо искуство стекнато токму на оваа вежба  а научените лекции ќе ги пренесат во своите армии, зацврстувајќи ги  односите со НАТО и избирајќи ги своите приоритети за понатамошна соработка.

Генерал мајорот Жоел Риво потенцираше дека оваа вежба стана реалност единствено поради вашата посветеност, напор и волја да се сподели знаењето со сите учесници, и ви благодарам за тоа и со тоа свечено ја прогласи вежбата “КООПЕРАТИВНА ДОЛГА СТРЕЛА / ЛАНСЕР 2012” за затворена.

Заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група на вежбата „ Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “

Денес, 24 Мај 2012 година, заврши НАТО оценувањето Ниво-1 на армискиот полигон „Криволак“, додека пак во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, единиците учеснички на вежбата „Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “ продолжија со планираните активности.

Средната пешадиска баталјонска група ги изведе постапките при можна контаминација на земјиштето, одбележување и правење на премин преку минско поле и постапки при артилериски напад. Во продолжение на денот завршија инцидентите со што практично заврши оценувањето на средната пешадиска баталјонска група.

Во текот на денешниот ден на вежбата „Кооперативен  Лансер“ беше извршена симулација на песочна макета, изврчена е обука во употреба и користење на оклопните борбени возила, обука на маркирантите и заеднички вежби.

На вежбата „Кооперативна Долга стрела“ продолжи симулираната вежба во ЦО Пепелиште.

 Утре, 25 Мај (Петок), продолжуваат планираните активности на вежбата „Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “ и е планиран културен ден за припадниците на вежбата „Кооперативна Долга стрела“ и посета на Охрид.

Втор ден од оценувањето на средната пешадиска баталјонска група на вежбата „ Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “

Денес, 23 Мај 2012 година, на вториот ден од НАТО оценувањето Ниво-1 на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, единиците учеснички на вежбата „Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “ продолжија со планираните активности.

Средната пешадиска баталјонска група ги изведуваше постапките при патролирање и формирање на мобилна контролна точка, формирање на кордон и пребарување на терен, воспоставување на набљудувачница, потоа постапките при ескортирање  на ВИП- личности и на крај изведување на офанзивни (нападни) операции и реакција на импровизирана експлозивна направа.

Во текот на денешниот ден беше реализирана посетата на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески заедно со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. г-динот Пол Волерс на ЦО „Пепелиште“,  кампот „Стрела“ и логорската просторија „Зима“ каде беше согледано осовременувањето на инфраструктурата и на објектите за сместување.

Посетата беше медиумски покриена од дел на електронските и пишаните медиуми во Република Македонија.

Утре, 24 Мај (Четврток), продолжуваат планираните активности на вежбата „Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “.

Започна оценувањето на средната пешадиска баталјонска група

Денес, 22 мај 2012 година, на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ продолжи изведувањето на теренската вежба „ Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “.

Согласно Планот во текот на денешниов ден средната пешадиска баталјонска група го започна НАТО оценувањето Ниво 1 на кое беа реализирани следниве активности: ескортирање на конвој со евакуација на повреден, патролирање и воспоставување на мобилна контролна точка, реакција на импровизирана експлозивна направа, воспоставување на набљудувачница.

На декларираната чета за составот на Борбената група на Европската Унија (ЕУ БГ II/2012) и одделението АБХО, која е од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, во текот на денешниот ден им беше соопштена оценката за постигнатите резултати за време на оценувањето и во текот на денешниот ден се вратени во матичните единици.

Во текот на денешниот ден учесниците на вежбата „ Кооперативна Долга стрела / Лансер 2012 “ продолжија со спроведување на активностите од вежбата со добивање на дополнителни упатства од командантот на вежбата и со тоа започна процесот на анализирање на мисијата.

Утре, 23 мај (среда), продолжуваат планираните активности на вежбата „ Кооперативна долга стрела / Лансер 2012 “ и ќе се спроведе најавена посета на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески заедно со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. г-динот Пол Волерс.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail