Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ на работен состанок во седиштето на НАТО во Брисел

Денеска во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност (PCSC) и Република Македонија.

Делегацијата од Република Македонија ја предводеше државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин Драган Николиќ. На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет на Партнерски цели 2018 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија.

Пред Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност државниот секретар Николиќ информираше за постигнатиот напредок на Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО, процесот на изработка на Стратегискиот одбранбен преглед 2018 и Стратегијата за одбрана.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail