Државниот секретар Николиќ ги посети питомците од Македонија кои се на зимска обука во Црна Гора

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ вчера и денес е во посета на питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” кои во ски-центарот Колашин во Црна Гора ја изведуваат обуката во зимски услови.

За време на средбата со питомците и нивните командири и инструктори, Николиќ изрази задоволство од условите за реализацијата на зимската обука. Државниот секретар присуствуваше и на практичниот дел од обуката во скијање и изработката на импровизирани објекти-иглу наменети за сместување во зимски услови.

Обуката во зимски услови за питомците од Воената академија, традиционално, по шести пат се реализира во Колашин, Црна Гора што дополнително придонесува кон одличните билатетални односи помеѓу двете министерства и двете земји.

Николиќ во Црна Гора се сретна со Слободан Филиповиќ, државен секретер во црногорското Министерство за одбрана. На средбата уште еднаш беше потенцирана одличната билатерална соработка, поддршката на Црна Гора за полноправно членство на Република Македонијаво НАТО и се разговараше за активностите од планот за билатерална соработка за 2018 и претстојните билатерални консултации кои ќе се одржат во Македонија во март, на ниво на државни секретари.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail