Средба на министрите Јолевски и Доскоцил во Виена – потврдена одличната одбранбена соработка помеѓу Македонија и Австрија

16651289_10211687222397332_1496994340_oМинистерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Виена имаше работна средба со неговиот австриски колега, министерот Ханс Питер Доскоцил. На средбата беа размените мислења за безбедносната состојба во Европа и Југоисточна Европа, како и за мигрантската криза. На средбата беше потврдена безрезервната заемна поддршка во справувањето со мигрантската криза.

Досегашната соработка беше оцената како одлична, а министрите се согласија внимателно да го следат развојот на настаните поврзани со мигрантите и да ги координираат активностите што ќе ги преземаат двете земји.

 Министерот Јолевски се заблагодари за лидерството на Австрија во регионалната соработка во соочување со овој безбедносен предизвик. Двајцата министри се согласија дека усвоената Декларација на министерскиот состанок на земјите од Централна и Југоисточна Европа е мошне корисна. Земјите со обврзаа да направат заеднички акционен план во кој ќе бидат дефинирани нивните кадровски и технички ресурси во случај на појава на ситуации предвидени во можните сценарија за евентуалниот развој на мигрантската криза. Координацијата и соработката меѓу земјите има клучна улога за справување со овие предизвици.

 Двајцата министри разменија мислења и за актуелните внатрешно-политички состојби во двете земји, Југоисточна Европа и Европа во целина.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail