Започна стручно усовршување во офицери во АРМ за подофицери и професионални војници со завршено високо образование

DSC_8457-- „Во овој момент, вие започнувате нова етапа во своите животи, етапа во која низ стручно усовршување на Воената академија, во наредните неколку месеци, ќе го остварите својот сон и ќе станете офицери на Армијата на Република Македонија“, им порача министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денес во Воената академија, на 23-подофицери и професионални војници кои имаат завршено цивилно високо образование и се пријавија на огласот за стручно усовршување на повеќе специјалности во Армијата. Ваков тип на стручно усовршување се организира по повеќе од осум години, а басенот на лица кои имаа можност да се пријават на огласот на Министерството беа подофицери и професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Министерот Јолевски, на првиот академски час,  посочи дека во рамките на 3-месечниот едукативен процес, ќе се постигнат неколку суштински цели и тоа создавање на добро едуциран офицер, компетентен во техничка, тактичка и лидерска смисла, кадар кој ќе поседува вештини, знаења и способности потребни за справување со сите предизвици во професијата. Посебната цел на школувањето и обуката во Воената академија е оформување на лидери, психофизички и морално подготвени и стручно оспособени за извршување на формациските должности во Армијата на Република Македонија во сите услови.

„Горди сме на вас и на вашиот ентузијазам и нескротлива желба за стручно усовршување и изградба на успешна професионална кариера, бидејќи како професионални војници и подофицери во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и покрај вашите секојдневни професионални обврски смогнавте сили да завршите и високо образование на Универзитетите во Република Македонија“, додаде министерот во обраќањето. DSC_8473--

Стручното оспособување и усовршување на 23-кандидати подофицери и професионални војници се врши по објавениот оглас на Министерството за одбрана и согласно потребата за офицерски кадар од 6 струки и тоа правна, интендантска, техничка, финансиска, музичка и сообраќајна струка.

Со можноста за произведување во офицери на Армијата на Република Македонија, Министерството за одбрана покажува дека се грижи за развојот на вработените во Министерството и припадниците на Армијата, како и дека се прават напори најадекватно да се искористат вештините и знаењата на секој припадник на Армијата, особено во областите за кои Армијата има потреба за пополна.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail