Зголемување на интероперабилноста помеѓу идните лидери на партнерските земји – продолжуваат активностите на Летниот кампус 2015

Тактичко- борбениот тренинг со Оклопни транспортери, медицински тренинг, урбани операции, тренинг со импровизирани експлозивни направи, медијација и преговарање, како и медиа тренинг се дел од активностите кои во моментов се реализираат на Летен Кампус кој се одржува од 29 јуни до 09 јули во армискиот полигон „Криволак“ и тренинг центарот „Пепелиште“.

Кадетите и студентите од 10 нации досега имаа шанса да се запознаат со процедурите и тактиките за постконфликтно оспособување, а воедно беа пренесени и научените лекции од досегашните постконфликтни операции на НАТО алијансата.

Воедно, во рамките на кампусот, мобилниот медиа тим на Регионалниот центар за односи со јавноста започна и со комбинирани предавања и нивно практично имплементирање во однос на базичните комуникациски вештини, местото и улогата на социјалните медиуми во односите со јавноста, тв-интервјуата и прес-конференциите.

Летниот кампус 2015 завршува на 9 јули со Ден на високи гости на кој ќе бидат прикажани стекнатите знаења и вештини во сите области од интерес во последните две недели.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail