Министерката Шекеринска, амбасадорот Герет и потпоручникот Трендевски со пораки по големиот успех на потпоручникот Трендевски на академијата „Сендхрст“ во Велика Британија

UntitledДенеска по церемонијата за дипломирање на Кралската воена академија „Сендхрст“ во Велика Британија, на која македонскиот потпоручник Милош Трендевски од принцот Хари доби „Интернационаелн меч“ за најдобар студент во интернационалната класа на оваа академија, министерката Шекеринска, потпоручникот Трендевски и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Герет дадоа кратки видео-изјави.

„Милош е скромен. Денеска беше чест да се биде граѓанин на Република Македонија на оваа церемонија, и да се види дека од сите офицери и други земји кои учествуваа на оваа престижна Академија, токму припадникот на АРМ, граѓанин на Република Македонија, беше избран за најдобар студент. Тоа покажува дека кога сме спремни да се вложиме ваквите големи резултати се возможни. Голема е честа за Министерството за одбрана и за Република Македонија да го добиеме ваквото признание за наш припадник, меѓутоа ова покажува дека мора да продолжиме да вложуваме во нашиот офицерски кадар и Армијата, и целосно да ја искористите големата поддршка што ни ја дава Велика Британија и на тема образование и обука во одбраната“, рече министерката Шекеринска во видео-изјавата.

„Јас, потпоручник Треневски Милош ја добив наградата за најдобар интернационален студент на Кралската воена Академија „Сендхрст“. Чест ми е и задоволство што ја претставував Армијата на Република Македонија. Министерството за одбрана и Република Македонија. Ова е голем успех за државата, при што може да се каже дека Армијата на Република Македонија има високо квалитетен кадар, пред сè офицерски, кој што покажува дека и на меѓународно ниво може да биде најдобар, покрај голем број на странски земји“, рече Трендевски.

„Голема чест ми е да бидам тука со потпоручникот Милош Трендевски, кој го доби интернационалниот Меч на честа како најдобар интернационален кадет. Тоа е фантастична чест и фантастичен симбол за одбранбената дипломатија и за зајакнување на билатералните односи кои постојат меѓу Македонија и Британија. Честитам!“, вели британскиот амбасадор Гарет.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail