Министерката Шекеринска на средба со делегација од Кина предводена од потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет на 13тиот Национален конгрес, Џанг Чингли

Денеска во просториите на Владата на РМ се одржа средба меѓу заменичката на Претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет на 13тиот Национален конгрес, Џанг Чингли.

За време на средбата беа потенцирани одличните релации меѓу двете земји и народи базирани на меѓусебна доверба и почитување.

Од страна на заменичката на Претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, беше поздравена соработката која РМ и НР Кина ја остваруваат на полето на економијата, културата, образованието, беше поздравена посочена Иницијативата 16+1 која Шекеринска ја оцени како позитивен пример за улогата која голема земја и економија како НР Кина може да ја има во контекст на зајакната регионална соработка, а ја поздрави и се заблагодари и за соработката во доменот на одбраната.

Шекеринска упати благодарност за поддршката на Амбасадата на НР Кина и добрата соработка со Амбасадорката и военото аташе.

Потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет на 13тиот Национален конгрес, Џанг Чингли се заблагодари за топлиот прием во Република Македонија и истакна дека е импресиониран од убавините на земјата, метафорички споредувајќи ја посетата на охридскиот регион со движење низ уметничка слика.

Тој ги поздрави, како што рече, динамиката на развојот и позитивните промени во македонското општество и подготвеноста на Владата да го подобри животот на граѓаните во земјата. Информираше за мерките кои НР Кина ги презема за борба против сиромаштијата и успехот кој е постигнат на ова поле како и за чекорите кои се преземаат во контекст на постигнување на брз раст на економијата.

Чингли се заложи за зајакнување на соработката во сите области, особено на полето на економијата, културата и туризмот и се заблагодари за развојот на соработката меѓу двете земји во одбраната. Ја поздрави Иницијативата 16+1 и резултатите од последниот состанок во Софија, каде премиерот Зоран Заев имаше средба со премиерот на НР Кина Кечијанг, на која беше потврдена подготвеноста на двете земји за отворање на перспективите за продлабочување на економската соработка.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail