Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија на Скопскиот маратон

Екипата на Армијата на Република Македонија го освои првото место во штафетен маратон на WIZZ AIR Скопскиот маратон, а Милош Ранчиќ професионален војник од Армијата на Република Македонија го освои третото место во трката полумаратон.

Екипата во состав поручник Жан Тосев, професионалните војници, Трајче Илиевски и Добре Кузмановски и цивилно лице Сашо Даневски со време 2:43:30 победија во штафетниот маратон на годинашниот Скопски маратон.

Покрај освоеното прво место во екипна конкуренција и третото освоено место на Ранчиќ, за одбележување е и пласманот на мајорот Игор Јакимовски кој настапува во категоријата М40 (над 40 години) и го освои 10 место во генерален пласман на маратонот односно 4 место во национална конкуренција.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија оваа година со 40-тина учесници трчаа на Скопскиот маратон и тоа во сите дисциплини. Армиските професионалци со своите резултати уште еднаш покажаа дека се во врвна физичка подготвеност.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија активно ја поддржаа организацијата на Скопскиот маратон со поставување на шатори за потребите на маратонот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail