Министерката Шекеринска ќе ги посети припадниците на АРМ кои се на обука во словенечката касарна Церкље

На вториот ден од посетата на Словенија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска се сретна со претседателот на Одделот за одбрана во словенечкиот Државен збор, Жан Махнич и со членовите на собраниското тело за одбрана.

Дводневната посета на Словенија министерката Шекеринска ќе ја заокружи со посета на касарната Церкље, каде ќе се сретне со припадниците на АРМ кои во моментов се дел од обуката за противвоздушна одбрана. Целта на оваа обука е да се зајакнат способностите за планирање и спроведување на противвоздушна одбрана и да се подобри интероперабилнота помеѓу двете Армии.

Пред Министерката ќе биде презентирана обуката која се состои од теоретски и практичен дел за извежбување на ракувањето со лесниот преносен ракетен систем „Игла“. Заедничките обуки продолжуваат во октомври во Македонија кога припадници на вооружените сили на Словенија заедно со своите македонски колеги ќе ја реализираат воената вежба „Предизвик 17“.

Вчера Шекеринска во Љубљана имаше официјална средба со нејзината словенечка колешка, министерката Андреја Катич. На маргините на Бледскиот стратегиски форум, министерката се сретна со претседателот на Словенија, Борут Пахор, со европратеничката Тања Фајон, а имаше и работна вечера со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail