Министерката за одбрана Шекеринска на средба во Стопанската комора на Македонија

DSC03553_resizeНа барање на Стопанската комора на Македонија, министерката Шекеринска оствари средба со претставници од Групацијата  за оружје и опрема која обединува фирми кои се занимаваат со производство на оружје и опрема, сервис и трговија.

Членовите на Групацијата се заложија за еднаков третман и на домашните фирми кои се занимаваат со производство од овој тип и побараа поголема транспарентност, недискриминација и дијалог меѓу Владата на Република Македонија и претпријатијата од овој домен.

Министерката  Шекеринска состанокот го оцени како многу корисен, нагласувајќи дека компетентноста на домашните компании воопшто не треба да се занемарува. Вети дека ќе се заложи во иднина да бидат целосно и навремено информирани во однос на постапките за набавки за потребите на МО од нивната сфера и појасни дека планот за Јавни набавки на МО ќе им биде достапен, и јавен.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail