Министерката за одбрана Радмила Шекеринска дел од високата владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на официјални средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг

Висока владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, кој е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во седиштето на Европската Комисија и на Европскиот Совет во Брисел, денеска престојува во работна посета на Брисел, на официјални средби со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Целта на посетата е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги  презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на земјава на патот на евроатлантските интеграции.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail