Министерството за одбрана воведува ред во давањето недвижнини под закуп

Со Одлука на Владата на Република Македонија и со Решение на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, повторно се воспоставува ред во начинот на давање под закуп на недвижен – државен имот кој е под управување на Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана на Република Македонија, денеска (06.06.2018 година), објави Оглас за давање под закуп на деловни простории по пат на електронско јавно наддавање за период од 7 години. Огласот е објавен на интернет страницата како и во печатените медиуми.

Предмет на закуп ќе бидат повеќе деловни простории со различна големина и тоа во Скопје – општина Кисела Вода, во Битола, во Кичево и во Тетово.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица, а крајниот рок за пријавување за учество на јавно наддавање е 29.06.2018 година. Постапката ќе ја спроведе Комисија на Министерството за одбрана на целосно транспарентен начин, при што ќе бидат запазени сите пропишани процедури.

Подетални информации во однос на пријавувањето за електронското јавно наддавање, за деловните простории, како и увид во истите, заинтересираните лица може да пронајдат на следнава адреса: http://morm.gov.mk/?objavuvanje=објава-бр-012018-за-давање-во-закуп-на-недви&lang=mk

Во текот на следната недела ќе биде огласен и простор во Дом на АРМ.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail