На интернет страница на Министерството за одбрана објавени голем број документи од интерес за јавноста

Министерството за одбрана на својата интернет страница објави поголем број документи од интерес за јавноста со што ја потврдува својата заложба за целосна транспарентност и отчетност кон граѓаните на Република Македонија.

На интернет страницата за прв пат можат да се најдат стратешки документи од областа на одбраната, буџетот на Министерството, ревизорските извештаи и инспекцискиот надзор, планот за јавни набавки како и информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, листата на активни регистри и информации, барања и обрасци за доброволно служење воен рок.
Сите јавно достапни документи од областа на Министерството за одбрана можат да се најдат на www.morm.gov.mk, во главното мени ДОКУМЕНТИ.

На својата 34-та седница Владата ги задолжи сите министерства на своите интернет страници да ги објават ваквите и слични документи и голем дел од нив веќе се јавно достапни.

За полесно наоѓање и пристап до 21-от документ, во прилог е линк до листата на документи со линкови кои водат до секој од наведените документи.

Листа на документи коишто Министерството за одбрана ги објави на својата веб страница согласно заклучокот на 34-седница на Владата на РМ

ДОКУМЕНТИ

ЛИНК

1 Стратешки план на министерствата и другите органи на државната управа Национална концепција за безбедност и одбрана

Стратегија за одбрана на Република Македонија

2 Буџет Буџет за 2017 година

Ребалансиран буџет за 2017 година

3 Усвоени извештаи за реализација на Буџетот Завршна сметка за 2016 година за сметка 78518

Завршна сметка за 2016 година за сметка 78720

Завршна сметка за 2016 година за сметка 63115

Завршна сметка за 2016 година за сметка 63717

Завршна сметка за 2016 година за сметка 78715

4 Ревизорски извештаи Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 631 од 2014 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 637 од 2014 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 787 од 2014 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 631 од 2012 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 637 од 2012 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 785 од 2012 година

Конечен извештај од овластен државен ревизор за сметка 787 од 2012 година

5 План за јавни набавки, со сите измени и дополнувања Годишен план за јавни набавки за 2017 година

Прва измена и дополна на план за јавни набавки за 2017 година

Втора измена и дополна на годишниот план за јавна набавка за 2017 година

6 Правилник за внатрешна организација Класифицирана информација
7 Органограм за внатрешна организација Органограм на Министерството за одбрана
8 Правилник за систематизација на работните места Класифицирана информација
9 Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон Класифицирана информација
10 Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство Легислатива: Устав, Закони и Колективен договор на Министерството за одбрана
11 Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат Информации и обрасци за доброволно служење воен рок
12 Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти /
13 Листа на информации од јавен карактер Слободен пристап до информации од јавен карактер и Листа на информации од јавен карактер

Останати информации од јавен карактер

14 Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер
15 Правилник за заштитено внатрешно пријавување Закон за заштита на укажувачи и Правилник
16 Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување Контакт – лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
17 Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон Офицер за заштита на лични податоци и контакт
18 Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања Контакт информации од Министерството за одбрана
19 Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста Листа на активни регистри
20 Биографии од Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар Биографија – министерка за одбрана

Биографија – заменик-министер за одбрана

Биографија – државен секретар во Министерството за одбрана

21 Најава на месечни настани или онлајн календар Министерство за одбрана
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail