Напредна работилница за одбрана од тероризмот

Од денес до 14 април во хотелот „Holiday Inn“ се реализира напредна работилница  поддржана од НАТО програмата за мир и безбедност на која се дискутира за одбрана од тероризмот и зајакнување на демократските институции и владеењето на правото.

На денешното отворање на оваа напредна работилница се обрати заменикот министер за одбрана, Беким Максути кој пред присутните говореше за безбедносните скици против новите закани. Тој истакна дека денешните безбедносни предизвици не се само закана за одредена држава или поединци туку кон еден заеднички систем на вредности и дека правењето на скици е одличен модел за воспоставување на систем за одговор. Максути додаде дека Република Македонија и покрај тоа што не е членка на НАТО, внимателно ги следи трендовите и препораките на НАТО во контекст на справување со сајбер тероризмот и за таа цел во моментов се работи на изготвување на Стратегија за сајбер безбедност од страна на МО, МВР и МИОА, која треба да ги даде приоритетните потреби за зајакнување на капацитетите. Во тој контекст Максути истакна дека Воената академија од септември оваа година ќе започне со нова студиска програма, Сајбер безбедност и дигитална форензика и со тоа ќе придонесе за развојот на државните капацитети.

Работилницата ја отвори шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол кој се осврна на минатонеделното одбележување на  69 години од основањето на Северно-атлантската алијанса која, рече, се залага за заштита на слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на своите народи, основани врз принципите на демократија, лична слобода и владеење на правото. Тој пред присутните додаде дека му е мило што нашата земја во моментов има единствена можност најпосле да стане 30-та членка на НАТО – Алијансата и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува на патот на реформите.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail