„Регионален тренинг тим за заштита на животната средина“ во Скопје и на АП Криволак од 05 до 09.11.2018 година

Во периодот од 05-09.11.2018 година во Домот на АРМ се реализира работилница „Регионален тренинг тим за заштита на животната среднина“. Оваа работилница е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ во соработка со НАТО и Канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Македонија.

Реализацијата на оваа работилница ќе помогне во подобрување на заедничкото управување со животната средина на нашите воени полигони за обука при национална и мултинационална обука, заштитувајќи ги нашите национални ресурси и воедно истата претставува одлична можност за сертифицирање на учесниците со „НАТО курс за заштита на животната средина“.

Покрај поддршката од НАТО-Врховната команда на здружените сили во Европа (SHAPE) oбуката е поддржана од стручни предавачи од Европската команда на воените сили на САД, Вооружените сили на Белгија и од Инженерискиот центар на извонредност на НАТО.

Цели на оваа активност се стекнување и унапредување на знаењата и искуствата на припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како и на претставниците од регионот во областа на заштита и унапредување на животната средина; запознавање со НАТО и ЕУ регулативи по однос на прашањето на заштитата на животната средина; како и придонес кон понатамошниот развој и промоција на Армискиот полигон „Криволак“, како меѓународен полигон за обука и извежбување.

На обуката учествуваат 30 претставници, од МO и ГШ на АРМ, од Албанија, Хрватска, Романија, Црна Гора и Косово, а покрај предавањата во Домот на АРМ ќе се реализираат и работни активности и посети на АП Криволак и на касарната Илинден во Скопје.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail