Одбележан Денот на Воената служба за безбедност и разузнавање

Денес во Музејот на македонската борба, беше одбележан 26. Мај – денот на Воената служба за безбедност и разузнавање.

На овој ден, не може а да не се потсетиме на нејзиниот историски развој во кој била различно именувана и функционирала во различни организациони облици. Тоа што ја одбележува оваа Служба низ целиот период на постоење и функционирање е посветеноста преку извршување на високо ризични задачи во заштита на системот за одбраната на Републиката, на нејзиниот суверенитет и интегритет и на заштита на нејзината слобода и чест.

Токму на темелите на тие вредности и традиции, а во склад со Уставот и законите во Републиката, припадниците на Воената служба за безбедност и разузнавање и денес ги извршуваат сите задачи кои се поставени пред нив. Раководителот на Службата, полковник Драган Ковачки, во своето обраќање пред присутните, меѓу кои и министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски исткана: „Хибридните закани со кои се соочуваме бараат благовремена реакција и соработка со сродните служби во Републиката, но и со службите на партнерските држави и државите членки на НАТО, а сето тоa во функција на превенција и справување со заканите по нашите сили“.

Воената служба за безбедност и разузнавање ја одликува спој на постар и искусен со млад високо образован и професионален кадар, кадар кој е патриотски ориентиран и мотивиран, посветен на извршување на задачите за потребите на одбраната.

Ковачки додаде дека и во наредниот период ќе продолжи да се работи со истата посветеност, преданост и непоколебливост, а сето тоа во функција на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail