Посета на министерот Бесими на Кралството Данска

Евроатланските интеграции како стратегиска определба на Република Македонија, потоа реформите во исполнување на стандардите на Алијансата со цел креирање постабилен регион, и поддршката од Данска на меѓународен план за забрзување на процесот за наше членство во НАТО, беа во врвот на агендата на средбата на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, со неговиот дански колега, Ник Хекеруп во Копенхаген, која е прва билатерална  средба на шефовите на одбраната на двете земји на официјално ниво.

Од Данска, земјата која ги има двете клучни позиции во Алијансата, политичката преку генералниот секретар Андерс фог Расмусен, и воената преку претседателот на воениот комитет на НАТО, генерал Бартелс, како и функцијата актуелен претседавач со Нордискиот совет, Република Македонија во услови на исполнети критериуми реформи и висок степен на подготвеност и оперативна способност на мировниците на АРМ во мисијата во Авганистан, очекува отворена поддршка за членство во Алијансата.

Преку високите челници во Генералштабот, Кралството Данска ја потврди  конзистентната оценка за високиот степен на обученост, компатибилноста и оперативната способност на припадниците на АРМ во силите ИСАФ кои заедно со земјите-членки рамноправно ги сносат сите сложени задачи за целосно обезбедување на штабот во Кабул.

„Од шефот на Генералштабот на Армијата на Данска бев запознаен со плановите и со искуствата коишто ги споделивме во меѓународните мировни мисии, како и со плановите за транзиција од 2014 година, кога мисиите од сегашната состојба ќе се трансформираат во мисии коишто ќе вршат обука за подготовка на авганистанската Воена полиција.

На средбата со заменик-началникот на данскиот Генералштаб за операции, Карстен Свенсон, министерот Бесими истакна дека АРМ ја продолжува трансформацијата фокусирана на зголемување на капацитетите, способностите и професионализмот како начин на достигнување финални оперативни способности.

Република Македонија има билатерален договор во делот на одбраната со Данска преку кој се креира годишниот план на активности мегу двете земји.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail