На Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во текот на денешниот ден, беше одбранета дипломска работа на тема „Родовиот аспект, особините на личноста и механизмите за прилагодувањето на питомците во Воената Академија“, во која за прв пат беа содржани родовите аспекти во одбраната и безбедноста, преку интегриран пристап на продлабочена теориска разработка и практично истражување со питомците на Воената Академија.
Цветанка Ѓорѓиева-питомец помлад водник е една од десетте питомки кои го завршуваат школувањето на Воената Академија. Таа, под менторство на м-р Јулијана Стојанова, виш предавач, во дипломската работа ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во март 2014 година на 49,3% од вкупниот број питомци во четирите студиски години, oдносно сите жени питомки( 31).
Одбраната на дипломските работи на питомците, претставува круна на четиригодишното образование на Воената Академија како високообразовна и научно истражувачка установа во областа на одбраната.
Преку нивната обработка и одбрана се реализира една од клучните цели на образовниот процес – преку студискитепрограминаВоенатаакадемијанастудентите да им овозможи стекнување на применливи вештини, знаења и способности што ќе ги оспособат стручно и професионално да одговорат на редовните задачи и должности со кои веќе од утре ќе се соочат на своите нови работни места, како и во справувањето со сите современи безбедносни предизвици.