Се зајакнува одбранбената соработка помеѓу Македонија и Бугарија: средба Николиќ – Налбантов

Денеска во Министерството за одбрана, државниот секретар Драган Николиќ се сретна со шефот на политичкиот Кабинет на бугарското Министерство за одбрана, Илија Налбантов.

На средбата се разговараше за актуелната и идна билатерална соработка, а беше потпишан и Протокол за обука на воен воздухопловен персонал на двете Армии, според кој ќе се реализира обуката на екипажи на хеликоптери во капацитетите на Армијата на Република Македонија и Армијата на Република Бугарија.

Интензивната соработка помеѓу двете министерства е пример за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, односи кои се базираат на добрососедство, меѓусебно почитување и поддршка за регионална стабилност, просперитет и интеграција во евроатлантските структури.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail