Средба на МО Шекеринска со полковник Бјукен, ново одбранбено аташе на САД во РМ

DSC_9916_resizeДенеска во министерството за одбрана министерката Шекеринска му упати добредојде на новото американско одбранбено аташе во РМ, полк. Тимоти Бјукен и му посака пријатен и продуктивен престој во РМ.

Во текот на средбата министерката Шекеринска-Јанковска и полковник Бјукен разменија информации за текот на вежбата Dragoon Guardian 17 која во моментов се одвива на Криволак потенцирајќи го бенефитот од оваа голема заедничка активност.

Помошта од САД е навистина голема како во областа на одбраната така и пошироко – рече Шеќеринска и во тој контекст потсети на изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, за време на Самитот на Јадранската Група во Подгорица на 02 август, дека САД остануваат посветени на Регионот, Република Македонија и НАТО аспирациите на нашата земја.

-          Во последниов период владата ја демонстрираше посветеноста кон евроатлантските интеграции, а јасен доказ за тоа се подобрувањето на односите со соседите и подготвеноста за решавање на отворените прашања – рече Шеќеринска  и ги пренесе најавите од Премиерот Заев за постапно зголемување на буџетот за одбраната и на придонесот во меѓународните операции.

Министерката Шекеринска-Јанковска ја поздрави дадената можност за школување на припадниците на АРМ во САД како и поддршката во опремување и модернизација на армијата.

Полковник Бјукен се заблагодари за топлиот прием истакнувајќи дека неговиот мандат почнува во еден интересен и динамичен период како за министерството за одбрана и АРМ, така и за земјата во целина.

Тој  истакна дека вратата на Канцеларијата на одбранбеното аташе, но и Амбасадата во целина,  за соработка и помош секогаш ќе биде отворена.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail