Шекеринска меѓу македонските војници во касарната Церкље – заедничките вежби ја потврдуваат одличната соработка во одбраната помеѓу Македонија и Словенија

Попладнево министерката Радмила Шекеринска ги посети македонските војници во касарната Церкље во Словенија, кои се дел од обуката за противвоздушна одбрана заедно со нивните словенечки колеги.

На министерката и беше презентирана обуката за противвоздушна одбрана, чија цел е да се зајакнат способностите за планирање и спроведување на противвоздушна одбрана и да се подобри интероперабилноста помеѓу двете Армии.

„Овие вежби ја потврдуваат одличната соработка во одбраната помеѓу двете земји и го зајакнуваат партнерството“, рече Шекеринска и изрази задоволство што словенечките војници во октомври, на армискиот полигон „Криволак“ заедно со припадниците на АРМ ќе бидат дел од заедничката вежба „Предизвик 17“. Со ова министерката Шекеринска ја заокружи дводневната посета на Словенија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail