СООПШТЕНИЕ ЗА ОБЈАВЕН ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

Се известуваат сите поранешни професионални војници, на кои службата во Армијата им престанала со навршени 38 години возраст, дека Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 17.01.2012 година објави оглас за финансиска поддршка за самовработување (обезбедување на неповратни финансиски средства за започнување на сопствен бизнис, во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.).

Сите поранешни професионални војници кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработени лица, и своето вработување сакаат да го решат со финасиска поддршка преку Програмата за самовработување, можат да аплицираат за добивање на поддршката.

Заинтерисираните поранешни професионални војници, пријави можат да поднесат најдоцна до 31.01.2012 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во Република Македонија.

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, професионалните војници на кои им престанала службата во Армијата со навршени 38 години возраст постанаа посебна целна група во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012 година, донесен од страна на Владата на Република Македонија.

Покрај можноста за користење на поддршката од Програмата за самовработување, поранешните професионалните војници, кои се невработени, ќе може да ги користат и Програмата за субвенционирање на вработување и Програмата за подготовка за вработување и други програми, за кои дополнително ќе биде објавен оглас.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.
За да го видите огласот кликнете овде.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail