Средба на министерката Шекеринска со британскиот секретар за одбрана Вилијамсон во Лондон

UK Secretary Of State For Defence And The Minister of Defense Of The Republic Of Macedonia MeetМинистерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во британското Министерство за одбрана, се сретна со секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Гавин Вилијамсон. На средбата министерката се заблагодари за британската поддршка за членство на Македонија во НАТО, како и за поддршката од британските експерти за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, кој е клучен документ за развој на Министерството и Армијата.

„Членството во НАТО е клучно за стабилноста на Република Македонија и на регионот. Поканата за членство на Република Македонија во НАТО би испратила позитивна порака во регионот дека доброто владеење носи резултати. Се надевам на можност за заеднички вежби како што беше „Драгун Гардијан“ со Соединетите Американски Држави изминатото лето“, истакна Шекеринска.

Секретарот за одбрана Гавин Вилијамсон порача дека одбранбените односи помеѓу двете земји се на највисоко ниво и дека Британија ќе продолжи да ги поддржува реформите и развојот во одбраната, особено преку програмите за образование и обука кои се достапни за македонските воени и цивилни лица. Тој ја повтори британската поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија, додавајќи дека вратите на Обединетото Кралство секогаш ќе бидат отворени за Република Македонија. Вилијамсон потенцираше дека е важно да се интегрираат државите и да не се остават изолирани, бидејќи изолираноста може да доведе до нестабилност. Британскиот секретар за одбрана, Вилијамсон на средбата со министерката Шекеринска, истакна дека членството на Црна Гора во НАТО беше позитивен сигнал и даде добар импулс за натамошните НАТО-интеграции во регионот.

Ова е прва средба на првите луѓе во министерствата за одбрана на Македонија и на Велика Британија по 2008 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail