Шекеринска на средба со офицерите од 7. ротација на АРМ во командата „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“

Шест офицери на Армијата на Република Македонија кои ќе заминат како дел од новата ротација во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, денеска се сретнаа со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заманик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај.

„Вашето учество во мисијата ’Одлучна поддршка’ во Авганистан за Македонија претставува двоен бенефит – тоа ја покажува нашата силна волја да придонесеме во меѓународните мировни мисии, што силно ја поддржува нашата амбиција за членство во НАТО, но учеството значи и големо искуство за Армијата на Република Македонија кое го пренесувате и на своите колеги“, рече министерката. Таа им посака многу успех и среќа во извршување на задачите и додаде дека Македонија ја анализира можноста за зголемен ангажман во оваа мисија.

Генералот Рацај им порача на офицерите на АРМ, како и досега, достојно да ја претстават Армијата и Македонија, да продолжат професионално да ги извршуваат своите задачи и здрави и живи да се вратат дома кај своите семејства.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail