Средба Шекеринска – Пахор: Силна поддршка од словенечкиот претседател за членството на Македонија во НАТО и ЕУ

Во рамките на посетата на Словенија, министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска оствари средба со словенечкиот претседател Борут Пахор.

На средбата соговорниците разговараа за евроатлантските интеграции во регионот, при што беше потврдена силната словенечка поддршка за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО-Алијансата.

Шекеринска и Пахор се согласија дека Македонија и Словенија се две исклучително пријателски и партнерски земји и дека патот за уште поблиска билатерална соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и одбраната е отворен.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail