Средба Шекеринска – Рамеш: Чешка ќе продолжи со поддршка на Македонија во евроатлантските интеграции

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денес во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Рамеш.

Министерската Шекеринска упати благодарност за досегашната поддршка на Чешката Република и рече дека очекува оваа поддршка да продолжи во претстојниот период за што поскора покана за членство во Алијансата.

- Ние имаме одлична билатерална соработка и подготвени сме и понатаму истата да ја продлабочуваме, преку размена на искуства стекнати од мисиите, размена на кадети и предавачи, реализирање на заеднички вежби, рече министерката Шекеринска.

Амбасадорот Рамеш истакна дека Чешката Република има одлична соработка на полето на одбраната со Република Македонија.
На средбата се разговараше и за искористување на капацитетите на Центарот за обука на пилоти за обука на чешките пилоти.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail