Средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

133734014_resizeМинистерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска како дел од високата владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, за време на посетата на Брисел учествуваше на средбите со високите претставници на Европската Унија и НАТО.

Владината делегација се сретна со високиот претставник на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, како и на средбата во седиштето на НАТО Алијансата со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Премиерот и министрите во Владата на Република Македонија ја потврдија јасната и недвосмислена определба на Р.М. кон Евроатлантските интеграции и членството во ЕУ и НАТО како главни стратешки приоритети на нашата земја.

Првите луѓе на ЕУ и НАТО изразија задоволство од новата енергија за придвижување на земјата кон членство во овие организации.

Генералниот  секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги поддржа заложбите на Владата за демократски реформи,  владеење на правото, подобрување на социјална кохезија меѓу граѓаните како и за модернизација на армијата. Потврди дека политиката на отворени врати на НАТО останува и најави скорешна посета на РМ.

Со средбите на највисоко ниво покажана е висока поддршка за членство во Европската унија и НАТО.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail