Средба на МО Шекеринска со одбранбеното аташе на Албанија, полковник Лека

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството за одбрана се сретна со нерезидентното одбранбено аташе на Република Албанија полковник Ахмет Лека.

Министерката Шекеринска ја потврди одличната соработка на билатерален и регионален план при што беше кажано дека има потенцијал за унапредување на истата.

Министерката Шекеринска рече дека на претстојниот состанок во Охрид на земјите членки од А5 групата каде е предвидена да земе учество и МО на Р. Албанија ќе претставува уште една политичка шанса за потврдување на регионалната и билатералната соработка.

Министерката Шекеринска истакна благодарност за поддршката на Р. Албанија на последниот НАК состанок  одржан во Брисел.

 Во насока на билатералната соработка двајцата соговорници се согласија дека има можност за продлабочување на истата преку размена на искуства од областа на безбедноста, насилниот екстермизам. Од страна на министерката беа понудени капацитетите на Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за односи со јавноста.

Сите нови идеи, иницијативи и форми на соработка се добредојдени – рече Министерката Шекеринска.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail