Средба на министерката Шекеринска со амбасадорот на Албанија, Река: Интензивирање на билатералната и регионалната соработка за стабилен и безбеден регион

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река и изрази благодарност за континуираната политичка поддршка која Република Албанија ја дава на нашата земја во процесот за интеграција во Северно атлантското семејство.

На средбата, министерката Шекеринска истакна дека е потребно да се интензивира билатералната и регионалната соработка со земјите соседи затоа што сите имаат една заедничка цел, стабилен и безбеден регион.

Таа ја истакна можноста за користење на нашите капацитети за едукација и обука, како што се Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за обука за односи со јавност и упати благодарност за понудените школувања и обуки на персонал од Армијата на Република Македонија во капацитетите во Република Албанија.

Амбасадорот Река пренесе уверување дека Албанија ќе продолжи да ја поддржува Македонија за што поскоро членство во НАТО и дека ја поддржуваат политиката на отворени врати на НАТО. Тој додаде дека Албанија би сакала да помогне во остварување на целите нашата земја и дека се подготвени да го споделат своето искуство. Во однос на соработката, амбасадорот Река рече дека безбедноста на целиот регион е важна и дека билатералната и регионалната соработка треба да се интензивира и преку размената на искуства и користење на различните капацитети од заеднички интерес.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail