Стручно специјализирачка обука „Новиот стратешки концепт на НАТО“

Во период периодот од 26-27 март 2012 година во организација на Министерството за одбрана – Сектор за човечки ресурси , Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во соработка со Воената Академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ реализираше Стручно специјализирачка обука на тема: “Новиот стратешки концепт на НАТО“. Ова претставува само уште една од низата активности кои Министерството за одбрана ги презема во пресрет на дваесетгодишнината од АРМ, но и доказ за реалната посветеност на Република Македонија за продолжување на патот кон евро-атлантските интеграции. Целта на оваа обука беше запознавање на учесниците со суштината на Новиот стратешки концепт на НАТО, современите предизвици и современите операции, но и предизвиците од доменот на енергетската безбедност, сајбер заканите како и предизвиците кои со себе ги носи Арапската пролет и очекувањата и развојот на настаните во Авганистан до 2014 и после 2014 година.

 Посебна тежина на обуката дадоа професори и  експерти   од оваа област, под координација на доцент д-р Методи Хаџи -Јанев, потполковник, раководител на катедрата за општествени науки при Воената академија. Значењето на оваа обука произлегува и заради две дополнителни причини. Прво методот кој беше применет за време на предавања интерактивни академски предавања и симулација на случаи преку практични вежби под водство на д-р Дејан Маролов од Правниот факултет – Кочани при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Второ, учесниците на обуката беа претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, од Министерството за внатрешни работи,  Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Министерството за информатичко општество.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail