Општ концепт на меѓународниот високо-образовен одбранбено-безбедносен проект „ЛЕТЕН КАМПУС 2014“

Leten kampus 2014 malo logoПетта година по ред Воената академија го спроведува меѓународниот високо-образовен одбранбено-безбедносен проект „ЛЕТЕН КАМПУС“. Досегашните искуства се позитивни, гледајќи дека низ содржините учество земаа реномирани професори, и експерти од странство и земјата студенти од светски најдобро рангираните универзитети, питомци од воените академии на земјите членки на НАТО и претставници на командите и установите на НАТО. Поддршката овој проект ја доби и од цивилните авторитети и структури во Република Македонија, пред се Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана, заради промоцијата на државата како поддржувач на напорите на меѓународната заедница за одржување и поддршка на мирот на регионално и глобално рамниште.
Покрај обуката за кадетите и студентите, содржините на проектот предвидуваат промоција на одбранбено-безбедносните капацитети на државата (полигони, сместувачки и просторни капацитети, регионални можности), како и презентирање на традицијата, културата, убавините и потенцијалот на целокупното културно и историско наследство на државата.
Проектот е наменет за континуирано усвојување на научените лекции од досегашните пост-конфликтни операции. Како фокус на тоа ќе бидат (одредени делови од тактика на мали единици и трупно водење – Small nit tactics and Troupe leading procedures, Односи со јавноста и останатите актери во пост-конфликтните операции-PR and cohabitation with other actors like NGO’s, Humanitarian organizations, ICRC etc.,Улогата на младите офицери во Информациски линии на операции и заштита на стратешките комуникации видено преку два посебни дела: влијанија на пост-конфликтните операции- The role of the Junior officers in protection of strategic communications and Information operations as a line of post-conflict operations with specific focus on PR and Humanitarian Aid to local populace

Реализацијата на меѓународниот високо образовен одбранбено безбедносен проект “Летен Кампус 2014”ќе биде во 4 фази:
- 1 фаза: академски дел на тема „Пост – конфликтно дејствување и оспособување на капацитетите на државата“;
- 2 фаза: Извежбување на индивидуални тактики, техники и процедури за спроведување на офанзивни операции и запознавање со соодветните процедури, тактики и вештини од доменот на операциите за стабилизација и поддршка;
- 3 фаза: Имплементација на стекнатите знаења и вештини преку завршна вежба;
- 4 фаза: Културни и спортски активности – презентирање на традицијата, културата, убавините и потенцијалот на целокупното културно и историско наследство на Република Македонија (активностите траат за цело време на реализација на меѓународниот високо образовен одбранбено безбедносен проект “Летен Кампус 2014”:

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail