Новогодишен концерт на воените оркестри на Македонија, Бугарија и Црна Гора

Воениот оркестар на АРМ заедно со припадници на гардискиот оркестар на бугарската Армија и воениот оркестар на армијата на Црна Гора, вчера во Домот на АРМ во Скопје изведоа новогодишен концерт, во чест на припадниците на трите армии, а во духот на заедничката соработка.

На трилатералниот новогодишен концерт пред премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери и останиот воено-политички врв, припадниците на АРМ и другите гости се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која рече дека оваа, 2018 година беше тешка, но важна и успешна година во која после речиси три децении работа кон полноправно членство во НАТО, овој сон доби нов живот – Македонија ја доби поканата за членство и веќе ги заврши пристапните разговори. Шекеринска додаде дека 2019-тата година ја очекуваме со многу оптимизам и дека Македонија се отвори и сега е посилна, со заеднички пријателства.

Заедничкиот оркестар предводен од диригентите од трите воени оркестри, и гостите, Бени Шаќири и Кристина Арнаудова, пред аудиториумот на исполнетата сала во Домот на АРМ, изведе целовечерен концерт на кој беа изведени химните на трите држави и други познати музички дела.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail